Украина гори шест дена, а за Кина се уште не е инвазија

од Nikola Popovski
300 прегледи

Кина соопшти дека „жали“ за жртвите во Украина и ја нарече сегашната ситуација „непожелна“, но сепак одби да ја окарактеризира руската „воена акција“ како „инвазија“.

„Треба да се гарантира безбедноста на животот и имотот на цивилите, а особено треба да се спречат големи хуманитарни кризи“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин за време на последниот брифинг.

Императив е, истакнува Ванг, сите страни да бидат „нужно воздржани“ за да се спречи влошување на ситуацијата.

Сепак, кинеските власти и понатаму избегнуваат прашања за „руската активност“ во Украина, како и за употребата на зборот „инвазија“.

Наместо тоа, Ванг постојано рече дека конфликтот има „комплицирана историја и реалност“ и ги поддржува „сите дипломатски напори“ за решавање на конфликтот.

„Кина е секогаш посветена на визијата за заедничка, сеопфатна, кооперативна и одржлива безбедност“, рече Ванг, повторувајќи дека легитимните безбедносни барања на Русија треба да се сфатат сериозно и соодветно да се одговори.

На прашањето дали Кина ќе ѝ пружи помош на Украина, Ванг рече дека Кина е подготвена да одигра конструктивна улога во ублажувањето на ситуацијата во Украина и дека ќе објави релевантни информации во догледна иднина.