Украинскиот министер за природни ресурси денеска изјави дека пожарите се изгаснати во областа на нуклеарната централа Чернобил, која е под контрола на руските сили.
Претходно, украинските власти ги обвинија руските сили дека намерно го подметнале пожарот или го предизвикале со артилериско гранатирање, пренесува агенцијата АП.
Украинскиот министер Руслан Стрелец изјави дека нивоата на радијација во таа област се во рамките на нормите.