Украина ја обвини Русија дека користи силувања како воена тактика

од Nikola Popovski
269 прегледи

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова ја обвини Русија дека го користи силувањето како воена тактика, нарекувајќи го претседателот Владимир Путин „главниот воен злосторник на 21 век“.

За време на посетата на градот Ирпин, Венедиктова рече дека Украина собира информации за обвиненијата за силување, тортура и други воени злосторства врз украински жени, мажи и деца, објави Ројтерс.

„Секако дека сака да го заплаши граѓанското општество и да направи се за да ја принуди Украина да капитулира“, рече таа.

Обвинителката додаде дека некои од жртвите кои останале во Украина се плашат да проговорат, стравувајќи од враќање на руските сили.