Украина: Ни треба тешко вооружување од Западот за да ја поразиме Русија

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

На Украина ѝ треба тешко вооружување од Западот и „вистинско нафтено ембарго“ кон Русија за да ја порази до крајот на годината, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

„Украина не е заинтересирана за долга војна со Русија, ниту целиот свет. Не можеме да победиме овој месец (како што е најавено), но можеме да го направиме тоа оваа година“, напиша Подољак на Твитер, пренесува Би-Би-Си.

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак додава дека „рецептот за победа е едноставен и вклучува вистинско ембарго на нафта, тенкови, авиони и артилерија“.