Украина објави нови податоци за руските загуби: „Колосални се“

од Nikola Popovski
363 прегледи

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Зеленски, вели дека загубите на Русија на истокот од земјата во регионот на Донбас се „колосални“. Украинското Министерство за одбрана, исто така, на мрежата Телеграм напиша дека од почетокот на војната загинале 23.000 руски војници, објави Би-би-си.

Се тврди дека украинската армија од инвазијата на Русија на 24 февруари уништила: 986 тенкови, 2418 оклопни борбени возила, 435 артилериски системи, 189 авиони, осум бродови и 155 хеликоптери.

Се наведува дека Русија претрпела најголеми загуби во близина на градот Изјум, во источна Украина. Проценките за руските воени загуби се многу различни, но Москва претходно призна дека претрпела „значајни загуби“ за време на инвазијата.

Би-Би-Си не може независно да ги потврди најновите украински тврдења.