Гувернерот на Миколаев, Виталиј Ким денеска објави видео на кое, според сите извештаи, се гледа гранатирањето на детската болница што се случи вчера во тој украински град.
„Вчерашниот напад на детска болница“, напиша Ким покрај снимката.
Се чини дека снимката од надзорната камера покажува експлозија на паркингот каде што се наоѓаат возилата на брзата помош.
Да потсетиме, меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ соопшти дека нивниот тим во Миколаев вчера околу 15:30 часот по локално време бил сведок на напад врз болницата.