Украина откри за што ќе се разговара со руската страна во Турција

од Milan1
325 прегледи

Трилатералната средба на министрите за надворешни работи на Украина, Русија и Турција е закажана за девет часот по наше време во Анталија.

Украинската страна ќе ја претставува министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој презентираше повеќе прашања за кои ќе разговара со рускиот колега Сергеј Лавров.

„Станува збор за прекин на огнот, подобрување на хуманитарната состојба во градовите, повлекување на руските војници“, соопшти украинското МНР.

Средбата меѓу Кулеба и Лавров во Турција ќе се одржи во присуство на турски колега.

Медиумите јавуваат дека министерот за надворешни работи на Турција најпрвин остварил билатерална средба со својот украински колега, а потоа и со рускиот.

Да потсетиме, специјалната операција на руската армија во Украина влезе во 15-ти ден, досега се одржани неколку рунди мировни преговори, но конфликтите продолжија.

Слични содржини