Украина почна да евакуира цивили од градовите Суми и Ирпин (ВИДЕО)

од Milan1
215 прегледи

Украина денеска почна да евакуира цивили од североисточниот град Суми и од градот Ирпин во близина на главниот град Киев, соопштија украинските власти.

Евакуацијата започна откако руските и украинските власти се договорија да воспостават „хуманитарни коридори“ за да им овозможат на цивилите да ги напуштат некои градови под опсада на руските сили, јавува Ројтерс.

Вицепремиерката на Украина, Ирина Верешччук, најави „режим на тишина“ од 10 часот по московско време (осум часа по средноевропско време) за движење по хуманитарниот коридор од градот Суми до Полтава.

МУП на Русија: Речиси 200.000 луѓе од ДНР и ЛНР пристигнаа во земјата

Досега во Русија пристигнале приближно 200.000 жители од регионот на Донбас и другите делови на Украина, изјави за ТАС С извор од руското Министерство за внатрешни работи.

„Од денеска руската граница ја минале 197.900 луѓе, а повеќе од 173.000 пристигнале од Народната република Доњецк и Луганск, почнувајќи од 18 февруари, кога нивните власти најавија евакуација“, рече изворот.

Москва: Отворени се коридорите за евакуација на цивили од Украина

Русија отвори хуманитарни коридори за евакуација на цивили од Киев, Черников, Суми, Харков и Мариупол, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, а пренесува Интерфакс.

Министерството за одбрана соопшти дека руските сили во Украина утринава во 8 часот вовеле „режим на молчење“што значи прекин на огнот.

Слични содржини