Украина: Погодена ТВ кула, најмалку девет лица загинаа

од Nikola Popovski
163 прегледи

Руските сили ракетирале голем телевизиски предавател на северот на Украина, при што загинале најмалку девет лица, а уште толку се повредени.

-Најмалку девет лица загинаа, а девет други се повредени во воздушен напад на телевизиска кула во областа Ровењ во северна Украина, изјави денеска гувернерот на регионот Виталиј Ковал, пренесува Ројтерс.

„Сè уште има луѓе под урнатините“, рече гувернерот Ковал.