Украинската влада ќе забрани извоз на клучни земјоделски производи. Според владината резолуција „забранет е извозот на овес, просо, хељда, шеќер, сол, пченица, месо, како и говеда од Украина.
Украинскиот министер за аграрна политика и храна Роман Лешченко изјави дека се преземени чекори „за да се спречи хуманитарна криза во Украина и да се задоволат потребите на населението со клучните прехранбени производи“.
Украина е еден од најголемите европски добавувачи на земјоделски производи, според податоците на Европската комисија. Русија и Украина учествуваат со 30 отсто во глобалниот извоз на пченица, според (Gro Intelligence), компанија за анализа на земјоделски податоци.
Патем, цените на пченицата скокнаа по руската инвазија на Украина, на нивоа невидени од 2008 година.