Украина произведе ново оружје со долг дострел

од Milan1
53 прегледи

Украина соопшти дека произведе ново оружје со долг дострел, што ќе му овозможи да гаѓа цели на руска територија без барање дозвола од сојузниците.

„Палјаница“ има карактеристики на проектил и беспилотно летало. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пред два дена го потврди постоењето на „Палјаница“, нарекувајќи го „нова класа“ на оружје.

Палјаница е вид украински леб и збор што е тешко да се изговори и затоа се користеше за разоткривање на осомничените шпиони на почетокот на војната.

На 24 август кога се одбележуваше 33-годишнината од независноста на Украина од поранешниот Советски Сојуз, првпат беше употребено и новото оружје, чија цел беше руска воена инсталација на окупираната територија.

Украинската воена снимка сугерира дека нејзиното ново оружје има дострел до 700 километри и е на исто ниво со тактичките ракети испорачани од САД.

САД и другите западни сојузници и обезбедуваат на Украина оружје со долг дострел, но ја ограничуваат да го лансира длабоко во Русија поради страв од ескалација на војната.

Слични содржини