Украинските власти денеска соопштија дека 76 Украинци се ослободени во нова размена на затвореници со Русија, но не наведоа колку Руси се разменети.
„Разменивме 60 војници, од кои десет офицери. Исто така 16 цивили се вратија дома“, наведе на Телеграм украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
Според неа, ова е петта размена на затвореници од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.