Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили спроведуваат офанзивни операции во правец на Бахмут, Авдиевка и Новопавливска.
Руските сили се обидуваат да ги задржат териториите што ги зазедоа, концентрирајќи ги напорите на одвраќање на акциите на украинските сили во одредени правци, пренесува „Укринформ“.
Украинскиот Генералштаб наведува дека во изминатите 24 часа руските сили извршиле четири ракетни и 28 воздушни напади, како и повеќе од 45 напади со повеќецевни ракетни системи.