Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили не ги прекинуваат офанзивните операции во источната оперативна зона.
Руската авијација погоди цивилна и воена инфраструктура на исток и индустриски објекти во длабочините на територијата на Украина, пренесува „Укринформ“.
Главните напори на руските сили се концентрирани во насоката на Доњецк.