Украина сака да воспостави девет хуманитарни коридори

од Milan1
208 прегледи

Украинските власти денеска изразија надеж дека ќе спасат уште повеќе цивили од нападот на руската војска, со тоа што ќе воспостават девет хуманитарни коридори за бегство.

Меѓу нив е и нов обид за евакуација на опколениот пристанишен град Мариупол.

„Од Бердјанск, на околу 70 километри, конвој со тони помош, повторно се обидува да стигне до тешко оштетениот град“, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

Во текот на вчерашниот ден имаше информации дека поголем број на цивили успеале да го напуштат Мариупол за првпат, откако градот е под интензивно руско бомбардирање. Но, хуманитарниот конвој не успеа да влезе.

Слични содржини