Украина собра 8 милиони долари донации во криптовалути

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Украинската влада собра речиси 8 милиони долари во криптовалути, откако на социјалните мрежи испрати апел за примање донации во биткоин и други дигитални токени, објави компанијата за анализа на блокчејн „Елиптик“.

На официјалниот Твитер профил на Украина во саботата беше објавен повик за донирање криптовалути поради руската воена акција во таа земја, а беше поставена и адресата на дигитален паричник за различни токени, вклучително и биткоин и етериум, пренесе Ројтерс.

Вицепремиерот на Украина Михаил Федоров на Твитер ја објави адресата на паричникот.