Полска испрати тенкови „Леопард“ во Украина, тие веќе се во земјата, изјави денес министерот за национална одбрана, Мариуш Блашчак.
– Денес полските тенкови „Леопард“ веќе стигнаа до Украина – рече тој.
Русија претходно испрати нота до земјите од НАТО во врска со испораката на оружје за Украина. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека секој товар што содржи оружје за Украина ќе стане легитимна цел за Русија.
Министерството за надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека земјите од НАТО „играат со оган“ со тоа што и доставуваат оружје на Украина. Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, истакна дека испумпувањето на Украина со оружје од Запад не придонесува за успехот на руско-украинските преговори и ќе има негативен ефект, пренесе РИА.