Украински борци разнесоа оклопен воз со руски војници во окупираниот јужен град Мелитопол, соопшти денеска Украинската територијална одбрана (УТО).
Новинската агенција Ројтерс не може независно да ја потврди оваа информација, а Министерството за одбрана на Русија се уште не одговорило на барањето за коментар.
Градот Мелитопол во областа Запорожје се наоѓа во делот на јужна Украина окупиран од руските сили.