Досега Украина нема објавено податоци за сопствените воени жртви, само објавуваше податоци за руските жртви.
Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 март, загинати се околу 1.300 украински војници, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Досега се убиени околу 1.300 наши војници и повеќе од 12.000 војници од Русија“, изјави Зеленски за странските новинари.
Соединетите Држави процениле во четвртокот дека меѓу 5.000 и 6.000 руски војници биле убиени во инвазијата на Украина, а Русија признава дека загубила само 500 војници.