Украинците соборија руски стратешки бомбардер на аеродром во северна Русија

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Украински беспилотни летала погодија руски стратешки бомбардер со долг дострел Ту-22М3 на воениот аеродром во Олења на северот на Русија, пишува Украинска Правда повикувајќи се на извор од разузнавачките служби.

Изворот прецизира дека нападот бил извршен врз основа на информации од украинските разузнавачки служби на воениот аеродром Олења во близина на градот Оленегорск на крајниот северозапад на Русија, пренесува Ројтерс.

Аеродромот од кој полетуваат руските стратешки авиони за да извршат ракетни напади врз Украина се наоѓа на 1.800 километри од украинската граница.

Слични содржини