Поранешната украинска пратеничка Хана Хопко не можеше да ги задржи солзите за време на интервјуто за американската телевизија „MSNBC“. Зборувајќи за хуманитарната криза во украинските градови, особено во Мариупол, каде едно дете почина од дехидрација, Хопко плачеше и го повика Западот да реагира.
„Нема објаснување. Ова не е само едно дете. Ги видовте фотографиите. Не можеме само да гледаме колку Украинци умираат. Го молам Бајден, го молам Конгресот, помогнете и на нашата нација“, рече таа, мислејќи на одбивањето да се воведе забрана за летање над Украина.