Украинската армија објави дека започнала контраофанзива против руските војници кои зазедоа делови од јужниот украински регион Керсон, пренесува ДПА.
Да потсетиме, во четврток, на 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин за време на телевизиско обраќање објави дека започнува специјална воена операција за заштита на Луганската и Доњецката народна република.
Прес-секретарот на шефот на државата Дмитриј Песков го привлече вниманието на фактот дека операцијата се спроведува со цел демилитаризација и денацификација на Украина.