Украинската Рада ја продолжува вонредната состојба и општата мобилизација во земјата

од Milan1
20 прегледи

Врховната рада на Украина денеска усвои предлог-закон за продолжување на вонредната состојба и општата мобилизација во земјата за уште 90 дена, до 6 август.

Вонредната состојба и општата мобилизација ќе бидат продолжени на 9 мај од 05:30 часот и ќе бидат во сила во наредните 90 дена.

Оваа информација ја објави пратеникот Јарослав Железњак на својот канал на Телеграм.

Слични содржини