Украински ГУР: Русија се подготвува за офанзива на Харков и Суми

од Milan1
33 прегледи

Севернокорејските воени единици кои учествуваат во борбите на страната на Русија во областа Курск научија да користат беспилотни летала и средства за електронско војување, изјави Андриј Черњак, претставник на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР).

Во интервју за јапонската телевизија NHK, Черњак истакна дека севернокорејската војска усвоила одредени промени и успешно обучувала, пренесе „Укринформ“.

„Најпрво започнаа офанзива од големи размери, но брзо беа поразени од украинската артилерија и беспилотни летала. Тоа ги принуди да ја сменат тактиката, сега се движат во помали групи од еден до двајца војници“, рече Черњак.

Според него, севернокорејските војници сега користат беспилотни летала и тактики за електронско војување, а исто така целосно го совладале оружјето што го користат руските сили.

Черњак изјави дека досега се убиени околу 5.000 севернокорејски војници, додека околу 6.000 од нив се уште се на Курскиот фронт и се подготвени да продолжат со борбите.

ГУР, исто така, предупреди дека руската војска размислува за нова офанзива во североисточна Украина, во регионите Суми и Харков, и дека не ја исклучува можноста севернокорејските војници да учествуваат во овие напади.

Черњак истакна дека околу 50 отсто од артилериската муниција што ја користи Русија се произведува во Северна Кореја, која, според него, испорачува и ракети.

Иако овие проектили на почетокот не беа прецизни, сега, како што вели, се „многу попрецизни“.

Укринформ објави дека Северна Кореја ја користи војната во Украина како можност да го тестира својот воен потенцијал и дека на почетокот на годината била извршена ротација меѓу севернокорејските војници во Курск поради големите загуби, пренесува Танјуг.

Слични содржини