Украински камикази-дронови убија двајца во Русија

Нападот, во кој учествувале три камикази-дронови, бил насочен кон периферијата на селото Рождественка, лоцирано во близина на руската граница со Украина,

од Бети Божиноска

Две лица се убиени, а уште едно тешко рането во напад на украински беспилотни летала во рускиот регион Белгород, изјави локалниот гувернер Вјачеслав Гладков, пренесува РТ.

Нападот, во кој учествувале три камикази-дронови, бил насочен кон периферијата на селото Рождественка, лоцирано во близина на руската граница со Украина, напиша Гладков во објава на Телеграм во петокот.

„Како резултат на експлозиите, две лица загинаа, а трет беше тешко повреден“, рече тој.

Претходно денеска, Министерството за одбрана на Руската Федерација во својот дневен извештај за војната во Украина,меѓу другото, наведе и податоци за учинокот на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана во периодот од 2 до 8 март.

Оттаму велат дека меѓу уништените цели имало непријателски борбени авиони, дронови, наведувани авиобомби и ракетна муниција.

„Авијацијата и системите за ПВО во текот на изминатата недела соборија еден повеќенаменски борбен авион „МиГ-29“ на украинските воздухопловни сили, пет крстосувачки ракети „сторм шедоу“ од британско производство, ракета земја-воздух на системот „патриот“, седум наведувани авибомби „хамер“, 33 проектили од повеќецевниот ракетен систем ХИМАРС, како и 769 беспилотни летала“, се вели во соопштението.

Слични содржини