Русија го гранатираше пристаништето Миколаив и неколку згради се во пламен, јавува Киев Индипендент.
Гувернерот на областа Николаев Виталиј Ким објави дека Русија продолжува да ги гранатира станбените населби.
„Пукање без цел“, информира Ким.
Министерството за надворешни работи на Украина ги обвини руските војници за киднапирање на градоначалникот на Мелитопол, град на југоистокот на земјата. Официјални лица велат дека руските војници го киднапирале градоначалникот Иван Федоров во петокот попладне, откако лажно го обвиниле за тероризам, јавува Би-Би-Си, велејќи дека независно ги потврдиле наводите, а руските власти сè уште не коментирале.
„Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војната“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.
Мелитопол падна во рацете на руските војници пред речиси две недели, а Федоров во средата за Би-Би-Си изјави дека жителите „не соработуваат со Русите на ниту еден начин“.