Украински полковник: Битката на сите битки започнува во Украина, ова ќе го одреди понатамошниот тек на војната!

од Milan1
671 прегледи

Украинскиот полковник Олег Стариков, процени дека општа битка меѓу руската и украинската војска може да се случи во рок од три месеци.

– Русите бавно напредуваат бидејќи спроведуваат план кој го предвидува токму тоа. И кога ќе бидат спремни? Мислам дека во август или почетокот на септември изјави тој.

Стариков вели дека стратешката иницијатива сега е во рацете на руската војска.

– Непријателот ја презеде стратешката иницијатива, а ние тргнавме во стратешка дефанзива. Принудени сме да ја користиме тактиката „нишало“, односно да префрламе резерви од еден на друг фронт. Сега Русите ги бараат нашите слаби точки за да го пробијат фронтот на тактичко, па на оперативно-тактичко ниво. Односно, непријателот во моментов ја спроведува втората фаза од летната воена кампања, која влегува во завршна фаза. Главната операција, стратешката операција, која ќе доведе до крај на конфликтот, треба да се случи во август-септември, вели полковникот.

Слични содржини