Украински поморски дронови оштетија патролен брод на руската Црноморска флота близу Крим

Рускиот патролен брод „Сергеј Котов“, кој вреди околу 65 милиони долари, бил „надграден во подморница“.

од Бети Божиноска
227 прегледи

Украински поморски беспилотни летала „магура В5“ оштетија патролен брод на руската Црноморска флота во близината на Крим, соопшти украинското воено разузнавање, пренесува „Еурактив“.

Разузнавачката агенција објави на „Телеграм“ дека нејзината специјална единица „Група 13“ во близина на теснецот Керч го нападнала рускиот патролен брод „Сергеј Котов“, кој вреди околу 65 милиони долари и бил „надграден во подморница“.

Според каналот на „Телеграм“ на руската управа на мостот, неколку часа бил во прекин и сообраќајот на автопатот, кој повторно бил отворен околу седум часот утринава.

Руското Министерство за одбрана се уште не излегло со коментар.

Украинската војска минатиот месец соопшти дека уништила руски десантен воен брод во близина на Крим во операција со дронови кои странично го оштетиле бродот и го потонале.

Слични содржини