Украински пратеник му одговори на Трамп: „Ударот врз Москва е порака дека и ние ги имаме картите во наши раце“

од Milan1
232 прегледи

Додека преговорите меѓу Киев и Вашингтон продолжуваат во Саудиска Арабија, украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко вели дека ноќните напади врз Москва покажуваат дека земјата е способна да изврши „многу сериозен“ напад врз Русија.

Говорејќи за Би-Би-Си од Киев, тој рече дека „ова е порака дека ги имаме, барем, картите (во наши раце)“, што, според Би-би-си, е очигледна референца за Доналд Трамп, кој неодамна изјави дека верува оти Русија ги има „картите“ во сите мировни преговори.

Во врска со средбата во Џеда, Гончаренко рече дека се надева оти преговорите ќе ја обноват довербата меѓу САД и Украина, откако Зеленски и Трамп остро се судрија во Овалната соба.

Тој додаде дека целта на Украина е да обезбеди територијален интегритет, суверенитет и безбедносни гаранции за време на средбата.