Украински сили: Во изминатите 24 часа соборени два руски воени авиони и пет хеликоптери

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Украинските сили соопштија дека во изминатите 24 часа собориле два руски воени авиони, како и пет руски воени хеликоптери и едно беспилотно летало, јавува „Анадолија“.

Во соопштението на Генералштабот на украинската армија се наведува дека од двата соборени воени авиони скокнале четворица руски пилоти, од кои еден е мртов, а тројца се заробени.

Во соопштението се наведува дека украинската армија успеала да погоди и собори пет руски воени хеликоптери во различни делови на Украина, како и еден дрон.