Украински војници пукаат во коената на руски војници?, Советникот на Зеленски најави истрага (ВИДЕО+18)

од Milan1
392 прегледи

Советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович вети итна истрага по појавувањето на видео на кое се гледа како украински војници пукаат во колената на мажи, кои очигледно се руски заробеници.

– Владата ова го сфаќа многу сериозно и ќе се спроведе итна истрага. Ние сме европска армија и не ги исмеваме нашите затвореници. Ако ова се покаже како точно, тоа е апсолутно неприфатливо однесување, нагласи Арестович.

Тој истакна дека Украина ги третира затворениците во согласност со Женевската конвенција.

Си-Ен-Ен побара коментар од украинското Министерство за одбрана.

– Со цел да ги дискредитира украинските одбранбени сили, непријателот снима и дистрибуира монтирани видеа кои го покажуваат нехуманиот третман на наводните „украински војници” кон руските затвореници. Нагласувам дека војниците на вооружените сили на Украина и другите легитимни воени формации строго се придржуваат до нормите на меѓународното хуманитарно право, изјави началникот на украинските вооружени сили Валери Залужни.