Украинскиот амбасадор во ОН прочита пораки на убиен руски војник: „Мамо, се плашам“

од Nikola Popovski
200 прегледи

Украинскиот амбасадор во ОН Сергеј Кислиција на вонредната седница на Генералното собрание на ОН ги прочита пораките на убиениот руски војник, кои и ги испратил на мајка си неколку моменти пред неговата смрт.

Мајката го започнала разговорот бидејќи нејзиниот син долго време не одговарал. Таа го прашала дали се уште е на воени вежби и додала дека татко му прашува дали може да му испрати пакет.

– Мамо, повеќе не сум на Крим, во Украина сум, овде беснее вистинска војна. Се плашам. Ги бомбардираме сите градови, гаѓајќи ги и цивилите. Ни рекоа дека Украинците ќе не пречекаат со добредојде, но тие се фрлија под тенковите не пуштајќи да поминеме. Не нарекуваат фашисти. Мамо, ова е многу тешко, напишал неименуван руски војник пред да почине, прочита амбасадорот.