Руските окупациски сили насилно иселуваат цивили од нивните домови во Украина, објави денеска на Фејсбук украинскиот Генералштаб.
„Окупаторите насилно ги иселуваат цивилите. Во градот Каховка во Херсонската област, цивилите кои живеат во близина на бреговите на реката Днепар се насилно иселени од нивните домови“, објави pravda.com.ua.
„Руските сили градат утврдувања и поставуваат мини меѓу домовите на цивилите“.Припадниците на руските сили вршат психолошки и физички притисок врз локалните жители во селото Новокорноморија во областа Скадовск (исто така во регионот Керсон).
Украинскиот Генералштаб, исто така, извести дека цивилите биле насилно иселени од нивните домови и дека се очекува руски војници да се преселат таму.