352
Украина денеска го повика Западот да воведе дополнителни санкции кон Русија, кои ќе бидат насочени кон економијата и потесниот круг на рускиот претседател Владимир Путин.
„Првите одлучувачки чекори беа преземени вчера и ние сме благодарни за тоа. Сега треба да се засили притисокот за да се запре Путин. Удрете ја неговата економија и пријателите. Ударете посилно. Ударете веднаш истакна украинскиот министер за надворешни работи Димитро Кулеба, а пренесува Ројтерс.
Неколку западни земји, како и ЕУ, Јапонија и Австралија, воведоа санкции кон Русија откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Народна Република Луганск (ЛНР).