182
Украинскиот министер за надворешни работи денеска објави дека главниот град Киев бил под „ужасни” руски напади во текот на ноќта. „Последен пат нашиот главен град доживеа нешто слично во 1941 година, кога беше нападнат од нацистичка Германија.Украина го победи тоа зло и ќе го победи ова”, напиша Дмитро Кулеба на Твитер.
Кулеба повторно повика на строги санкции против Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин, повикувајќи ги земјите да ги прекинат сите врски со Москва и „да ја исфрлат Русија од секаде”. „Стоп за Путин. Изолирајте ја Русија”, напиша тој.