Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба во посета на Кина, ќе се разговара за изнаоѓање мир

од Milan1
35 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска пристигна во тридневна посета на Пекинг, каде со својот кинески колега Ванг Ји ќе разговара за изнаоѓањето начини за воспоставување мир во Украина.

Тој посочи дека се очекуваат опсежни, детални, содржајни разговори со Ванг Ји за патот кон праведен мир, пренесува Укринформ.

„Мораме да избегнеме конкуренција меѓу мировните планови. Многу е важно Киев и Пекинг да влезат во директен дијалог и размена на ставови“, нагласи Кулеба.

Слични содржини