Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое се гледа моментот кога руска ракета погоди станбена зграда.
„Ги снимаме воените злосторства на Руската Федерација врз цивилното население во Украина“, објави Министерството на Твитер.
Фіксуємо воєнні злочини РФ проти мирного населення України
На відео – момент попадання ракети до житлового будинку на Лобановського 6 а. Відео з камери спостереження сусіднього будинку 🎥 pic.twitter.com/FWT8xAjwLQ— Defence of Ukraine (@DefenceU) February 26, 2022
Премиерот на Украина Денис Шмихал побара светот да реагира на потезите на Русија.
„Денеска руски проектил погоди станбена зграда во Киев. Во изминатите два дена беа гранатирани болници, градинки и сиропиталишта во украинските градови. Бараме од светот решителен одговор и изолација на Русија за нејзините криминални дела. „Стоп за Русија“, напиша украинскиот премиер на Твитер.