Украинските власти ја прекинуваат евакуацијата, тврдaт дека е невозможно да се изведе поради гранати

од Берта Китинска
190 прегледи

Евакуацијата е невозможна поради континуираното гранатирање, изјави заменик-градоначалникот на Мариупол, додавајќи дека е одлучено да се прекине евакуацијата бидејќи не е безбедно на улиците.

Сергеј Орлов за Би-Би-Си изјави дека има континуирано гранатирање во Мариупол и по договорената рута за евакуација.

„Поради овие удари, не е безбедно да се оди на овој начин“, рече тој.

Украинската влада веќе разговара со руски претставници за прекршување на примирјето, вели тој, и преговорите се во тек.

Двете страни упатија меѓусебни обвинувања за прекин на примирјето.