Украинско претседателство: Комплицирана ситуација северно од Бахмут

од Radmila Tasevska
223 прегледи

Украинското претседателство денес соопшти дека ситуацијата е „комплицирана“ северно од градот Бахмут, на истокот на Украина, еден ден по објавата на руската паравоена група „Вагнер“ дека заземала место во таа зона.

„Ситуацијата кај Соледар е комплицирана – селото Парасковка е цел на силно гранатирање и напади“, се вели во дневниот извештај на украинското претседателство.

Соледар, градот заземен од Русите во јануари е северно од Бахмут, кој Русите се обидуваат да го освојат од летото минатата година по цена на големи загуби од двете страни и големи разурнувања.

На патот кон Бахмут веднаш до Красна Гора е градот Парасковка, чие заземање вчера го најави шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин.

Украинскиот Генералштаб во својот дневен извештај наведува дека руските војници во текот на претходниот ден целеле 16 места кај Бахмут со тенкови, гранати и артилерија.

Прорускиот функционер во источна Украина, Денис Пушилин, во петокот изјави дека руските трупи сега контролираат три од четирите украински рути за снабдување до Бахмут.

Украинското претседателство денес изјави и дека ситуацијата е „напната“ кај Угледар, малку појужно каде напаѓаат руски војници.

„Русите продолжуваат да ги гранатираат соседните места“, соопшти денес украинското претседателство.

Во Херсон на југот на Украина во напади во последните 24 часа загинаа три лица, а едно е рането, изјави истиот извор.

Слични содржини