Украинците ја гранатираа хидроцентралата Каховска во областа Керсон

од Берта Китинска
172 прегледи

Украинската армија денеска ја гранатираше хидроцентралата Каховска во областа Керсон, соопшти заменик-шефот на регионалната воено-цивилна администрација Кирил Стремусов.

„Имаше гранатирање. Генерално, нападот беше одбиен. Имаше удари, но тие не беа критични. Информациите сè уште доаѓаат“, изјави тој за РИА Новости.