Анонимен уличен забавувач поднел тужба против Шон Диди Комбс. Непознатиот маж тврди дека раперот го поканил во својот дом, му ставил дрога во пијалакот, а потоа го силувал, пренесува „ТМЗ“.
Во тужбата се наведува дека на забавувачот му пришол извидник на таленти на Диди и бил поканет на една од забавите на раперот. Човекот тврди дека по пристигнувањето во куќата на Диди, разговарал со раперот за неговата колекција на накит. Наводно, Диди го однел во приватна соба, каде што мажот почнал да се чувствува лабаво и еуфорично и покрај тоа што испил само една пијачка.
Раперот наводно го прашал мажот дали некогаш имал орален секс, а откако тој одговорил негативно, тој се соблекол и му рекол дека мора да проба. Во тужбата се наведува дека Диди потоа го принудил мажот на орален секс, по што тој ја соблекол облеката и го силувал. Забавувачот, тврди дека се разбудил следното утро и видел некој од куќата како му дава инфузија.
Човекот вели дека претрпел ментална и физичка болка, емоционална тортура, понижување и срам. Тужбата во негово име ја поднесе адвокатот Тони Базби, кој застапува 120 од наводните жртви на Диди.
„Како што веќе кажавме, г. Комбс не може да одговори на секое оправдување за дополнителен публицитет, дури и ако тоа е одговор на тврдењата кои се смешни и очигледно лажни. Вистината ќе надвладее на суд, дека г. Комбс никогаш не нападнал никого сексуално или не организирал трговија со луѓе“, велат адвокатите на Диди.
За потсетување, раперот Шон Диди Комбс се наоѓа во Метрополитен притворскиот центар во Бруклин и го чека судењето, кое ќе се одржи во мај оваа година. Диди беше уапсен во септември минатата година во хотелот „Парк Хајат“ во Менхетен, Њујорк, и беше обвинет за рекетирање и сексуална трговија.