Унгарската полиција во местото Тисаујварош, во близина на словачката граница, бара помош од јавноста во случајот со исчезнувањето на 13-годишното момче Оливер Олах, на кое од утрово му е изгубена секаква трага.
Според достапните информации, момчето на 03.01.2025 година пред 7 часот излегло од домот и се упатило во непозната насока. Напорите за негово пронаоѓање засега се неуспешни.
Полицијата бара помош од граѓаните – секој што има некаква информација за момчето на сликата да се јави во Центарот за контрола на активности на полициската управа на округот Борсод-Абауј-Земплен на 06-46/514-506, како и да го пријави инцидентот во 24-часовниот телефонска служба на 06-80-555-111 или на бесплатниот број за итни случаи 112, информираат од Полициската управа.