Унгарскиот „Попај“ со заби влече тенк тежок над 40 тони (ВИДЕО)

од Milan1

Унгарскиот спортист Жолт Синка со заби влечел тенк „Т-72“ тежок над 40 тони.

Настанот во касарната на 25-та бригада Ѓерѓ Клапка опремена со тенкови „Т-72“ и „Леопард 2А4ХУ“ беше пренесуван во живо на телевизија.

Стоејќи пред тенкот, Жолт го ставил жолтото јаже во уста, го стиснал и влечел, па поместил претешкото воено возило.

Инаку, ова не е најголемото достигнување на „унгарскиот Попај“. Имено, во 2013 година, Жолт со заби влечел авион тежок 50 тони околу аеродромот.

Слични содржини