Портпаролката на УНХЦР, Мелита Шуњиќ изјавила за хрватската агенција Hina дека другите мигранти се вратени и дека стотици луѓе останале на границите.

patniot-pravec-nish-vranje-granica-vo-makedonija-e-neprooden-221574

Очевидец за УНХЦР на грчката граница со Македонија изјавил дека македонската полиција почнала преку ноќ да ги враќа сите мигранти кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан.

„Во средата околу 18 часот Србија почна да ги враќа во Македонија сите освен Сиријците, Ирачаните и Авганистанците. Македонија ја затвори границата околу три часот наутро и околу стотици луѓе останаа на ничија земја.“, изјавила Шуњиќ,

Во официјалниот извештај од македонското МВР, пак соопштуваат дека во последните 24 часа, во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 18.11.2015 издадени се потврди на вкупно 3.458 странски државјани, од кои 1.652 се од машки пол, 652 се од женски, 971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 183 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.638, Авганистан – 860, Ирак – 478, додека другите се во помал број.

Слични содржини