UNHCR: Рекорден број на раселени лица во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на луѓе принудени да ги напуштат своите домови се зголемува секоја година во изминатата деценија и сега достигна највисоко ниво од почетокот на водењето евиденција за глобалното раселување, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР).

Според годишен извештај на Глобални трендови објавен од УНХЦР, бројот на раселени лица поради војни, насилства и кршење на човековите права достигна 89,3 милиони до крајот на 2021 година, а тоа е зголемување од осум отсто во однос на претходната година и повеќе од двојно од 42,7 милиони лица раселени во 2012 година.

Оттогаш, руската инвазија на Украина, која доведе до најбрзата и една од најголемите кризи со принудно раселување од Втората светска војна, како и други кризи од Африка до Авганистан и пошироко, ја донесе оваа бројка на драматична пресвртница од 100 милиони луѓе, соопшти УНХЦР.

Слични содржини