Уништени 13.235 квадратни километри шума во Бразил

од Milan1
286 прегледи

– Уништување шуми во бразилската амазонска прашума е зголемено за 22 отсто за една година и го достигна највисокото ниво од 2006 година, се вели во годишниот извештај на бразилската влада.

Бразилската агенција за вселенски истражувања ИНПЕ регистрирала 13.235 квадратни километри уништени шуми во најголемата прашума во светот во своите сателитски податоци за време на официјалниот годишен период од август 2020 година до јули 2021 година.

Зголемувањето беше забележано и покрај напорите на бразилскиот претседател Жаир Болсонар да покаже дека неговата влада сериозно ја сфаќа заштитата на животната средина, додека продолжува да повикува на проширување на рударството и земјоделството во заштитени делови на Амазон.

Слични содржини