Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија ќе добие нова сала со опрема

од Hristina Nikolovska
291 прегледи

Изградба на нова хируршка сала со комплетна опрема, како и реновирање на нов болнички оддел се новините на кои интензивно се работи на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија. – информираат од Министерството за здравство.

Новата хируршка сала е комплетно опремена со нова опрема и ќе биде една од најмодерните и опремени сали на ниво на цела држава.

Со новиот болнички оддел ќе се зголеми капацитетот на хоспитализирани пациенти за една третина. Истото ќе се постигне со зголемување на капацитетот со 15 болнички кревети (претходно одделот беше предвиден за 50 пациенти).

Инаку, овој простор претходно беше целосно запуштен и воопшто не се користеше, а сега од корен се реновира и се инсталира нова најсовремена опрема.

Министерот за здравство Венко Филипче ја посети Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, каде заедно со директорот и вработените направи обиколка низ просториите кои ќе бидат дел од целосното реконструирање на Клиниката.

Слични содржини