Урсула фон дер Лајен: Продолжува акумулацијата на руската војска на границата со Украина

од Milan1
202 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе остане будна додека не се потврдат тврдењата на Москва за воено повлекување.

– Досега не видовме знаци на деескалација. Напротив, гледаме дека акумулацијата продолжува, рече Фон дер Лејен.

– Се надеваме на најдоброто, но подготвени сме за најлошото, истакна шефицата на Еврокомисијата.