Урсула Фон дер Лајен реизбрана за претседател на Европската комисија

од Milan1
33 прегледи

Европскиот парламент денеска гласаше Урсула фон дер Лајен да добие нов мандат на чело на Европската комисија. Во Европскиот парламент мнозинството пратеници гласаа за 65-годишната политичарка од ЦДУ, со што и официјално беше потврдена нејзината номинација од шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ.

Од 701 глас таа доби 401 за, 284 против, додека останатите беа воздржани или празни ливчиња, пренесуваат европските медиуми.

Во 2019 година постигна мнозинство со само девет гласа повеќе од потребното.

Слични содржини