Уште една членка на НАТО не сака да испраќа авиони во Украина

од Radmila Tasevska
122 прегледи

Полска објави дека нема преговори за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, а сега и Велика Британија го изрази својот скептицизам со официјална изјава дека не верува дека тоа би било практично.

„Британските борбени авиони се многу софистицирани и потребни се месеци за да научат да летаат со нив. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат овие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за пристапот што мислиме дека е правилен“, изјави портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак, пишува Index.hr.

Берлин, исто така, категорично одби да испрати борбени авиони, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „ништо не е исклучено“, уверувајќи дека Украинците тоа не го побарале од него.

Инаку, Макрон разговараше со холандскиот премиер Марк Руте, кој рече дека нема „табу“ по тоа прашање, но дека тоа ќе биде „голем чекор“.

Слични содржини